Тарифа за висината на надоместокот за користење на услугите од Централниот регистар на Република Северна Македонија (Преземи)
Почитувани корисници,
За услугите кои ги нуди Централниот регистар се наплаќа надоместок согласно со тарифа за чија примена постои согласност од Владата на Република Северна Македонија.
Со оглед на тоа што услугите се наплаќаат врз основа на тарифа, Централниот регистар не издава фактури за извршените услуги.
Како доказ за извршена уплата Централниот регистар ги зема предвид налозите ПП 10 од физички лица и ПП 30 од правни и физички лица и тие задолжително се доставуваат со барањето за информација или услуга. Извод од трансакциска сметка се смета за доказ само кај Буџетски корисници. Налозите ПП 10 и ПП 30 треба да бидат заверени во банка или ако е електронско плаќање мора да има повратен одговор дека плаќањето е реализирано. Електронските уплати кај кои ќе стои испратен на реализација, примен и др. што не асоцира дека налогот е успешно реализиран задолжително ќе се проверуваат во сметководство на ЦР.
При пополнување на налогот со кој е извршено плаќањето задолжително во ЦЕЛ НА ДОЗНАКА да се наведат:
Во случај на електронско плаќање по добивањето на одговор од банката дека е одобрено/реализирано плаќањето, потребно е да се отпечати НАЛОГОТ ПП 30 и на истиот да се стави потпис од управителот (налогодавачот).
Банкарски сметки