Врз основа на Одлука на Управен одбор на Централен регистар на Република Северна Македонија Број 0201-5/38 од 27.10.2022 година, Централен регистар на Република Северна Македонија објавува
Јавен повик за прибирање на понуди за закуп на деловен простор
Централен регистар на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за прибирање на понуди за закуп на празен деловен простор во град Гостивар.
Деловниот простор ќе бидат наменети за работен простор – канцеларии за вработените во Регионалната регистрациона канцеларија на Централен регистар и истите потребно е да ги задоволуваат следните услови:
- минимална просторна зафатнина од 58m² и максимална дo 80m²,
- стабилна електрична мрежа, заштитно заземјување и громобранска инсталација, согласно позитивните законски прописи во РСМ;
- соодветно мрежно каблирање со мрежен кабел SFTP cat.6 или подобро и утичници RJ 45 (каблирањето треба да биде терминирано во еден дистрибутивен ормар со стандардни димензии за монтажа на телекомуникациска опрема во висина од најмалку 10U;
- добара водоводна мрежа и санитарен јазол со сите услови;
- фино бојадисани ѕидови;
- добар под (плочки, паркет),
- да има добро греење во текот на зимскиот и добро ладење во текот на летниот период;
- да има дневна светлина;
- да има систем за заштита од пожар;
- добра комфорност и распоред;
- пристапна локација во централното градско подрачје.
Во понудата потребно е да бидат наведени:
- Ваше име и презиме, адреса на живеење и контакт број;
- податоци за локацијата на деловниот простор и сите погоре опишани
услови поткрепени со соодветни фотографии од внатрешноста и
надворешноста на деловниот простор;
- доказ за сопственост на деловниот простор (имотен лист) не постар
од 6 (шест) месеци и
- висината на месечната закупнина на деловниот простор.
Постапката по Јавниот повик, во однос на најповолни услови како и понуден износ на месечна закупнина, ќе се реализира со преговарање со секој од понудувачите од страна на Комисија формирана од директорот на Централниот регистар.
Централниот регистар го задржува правото да изврши увид во понудениот деловен простор кој ги исполнува услови од овој повик, со претходна најава.
По завршување на постапката за избор, со најповолниот понудувач ќе биде склучен Договор за закуп, согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
Уредно пополнетите понуди потребно е да се достават на следната адреса:
- За Централен регистар на Република Северна Македонија - Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 1, Скопје, со назнака за – деловен простор во Гостивар.
или по електронски пат на e-mail адреса: Gjosho.Vangelov@crm.org.mk
Понудите потребно е да бидат испратени најдоцна до 09.11.2022 година, до 16.00 часот.
Централен регистар на
Република Северна Македонија