Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам / Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 04.07.2022

Почитувани Корисници,

Ве информираме дека во Службен весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој што Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето, односно со почеток од денес, 12.07.2022 година.
Со новиот закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите.


Имено, согласно новиот текст на ЗСППФТ законскиот рок за внесување на податоците за вистинските сопственици е 15 дена од уписот на деловниот субјект во трговскиот регистар и во регистарот на други правни лица, односно 15 дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик.


Покрај останатото, како субјекти кои се обврзани да извршат упис на вистинскиот сопственик во регистарот со новото законско решение опфатени се и правните субјекти чиишто акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност за кои е предвиден рок од три месеци за извршување на оваа обврска од денот на влегувањето во сила на овој закон.


Дополнително, новиот текст на законот предвидува нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Фондациите и со постојните прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам имаа обврска да запишат вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици.


Со оглед на воведената промена, истите потребно е проверат:
-дали имаат внесено податоци за вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици;
-дали внесените податоци за вистински сопственик се во согласност со новата дефиниција од ЗСППФТ.
Доколку фондациите утврдат дека е потребно да се усогласат со новите законски одредби, потребно е податоците за вистински сопственик да ги внесат (променат) во регистарот на вистински сопственици во рок од 15 дена, започнувајќи од 12.07.2022 година. Доколку промената единствено се однесува на усогласување со новата законска дефиниција, како датум на индикатор во пријавата се внесува датумот на поднесување на пријавата.


Дополнително упатство и насоки за начинот на идентификување на вистински сопственик на фондации може да најдете на страната на Управата за финансиско разузнавање, на следниот линк  https://ufr.gov.mk/?p=3221  
За подетални информации околу уписот и промена на вистинските сопственици, обврзани субјекти, рокови, начин на користење на системот, процедура и сл. можете да прочитате и од Документот за ЧПП или да се обратите на телефонскиот број за поддршка на корисници +389 2 3288 602, да испратите e-mail порака на следната контакт адреса rvs@crm.org.mk  , како и да ја посетите официјалната веб страница на Централен регистар http://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik  
Исто така, Управата за финансиско разузнавање стои на располагање за понатамошни информации околу уписот на вистинските сопственици. За поддршка на корисници вашето прашање може да го испратите на contact@ufr.gov.mk или rvs@crm.org.mk .

 

Со Почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија