Почитувани корисници на Интернет дистрибутивен систем,
Ве информираме дека потврдата за тековна состојба на трансакциски сметки за субјект е додадена на дистрибутивниот систем. Овој производ од денес е достапен за корисниците во замена за потврдата за банкарски сметки.
Новата потврда е изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар, која содржи информација за тековните банкарски сметки на субјект добиени од единствениот регистар на трансакциски сметки, како и блокада на истите во реално време.
Со Почит